Достапни линкови

logo-print

Влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дивоградба?


Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски изјави дека ако се утврди дека влезот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградбата, тогаш ќе се урива. Тој ги повика, а рече дека утре ќе испрати и писмо до Град Скопје и државниот градежен инспекторат да излезат на терен и да утврдат дали влезот на партиското седиште е дивоградба. Тој им даде рок од седум дена да направат увид.

„Доколку не ни одговорат, ќе постапиме како со секоја дивоградба. Не се работи за реваншизам, ако е дивоградба, е ја отстраниме“, рече Жерновски.

XS
SM
MD
LG