Достапни линкови

logo-print

Таџикистан воведе нови рестикции кон медиумите


Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон денеска изјави дека сите државни субјекти мора да ги испраќаат своите извештаи и соопштенија до државната новинска агенција Ховар, а другите медиуми во земјата од таму морат да ги користа т официјалните информации. Тие не смеат да пренесуваат владини соопштенија и вести без да се повикаат на државната агенција. Потегот на властите беше осуден од страна на Националната асоцијација на независни медиуми во Таџикистан. Според нив новата регулатива го крши Уставот според кој на сите им е гарантиран еднаков пристап до информации.

XS
SM
MD
LG