Достапни линкови

Зголеменото ДДВ донесе поскапувања во Грција


Од денеска во Грција се применува новото зголемување на ДДВ од 13 на 23 отсто, што предизвика поскапување на повеќе производи и услуги. Во продавниците во Грција од денеска поскапи се некои видови месо, маслото за готвење, кафето, чајот, какаото, оцетот, солта, цвеќето, ѓубривата, дрвата за огрев, пестицидите, хигиенски влошки и кондомите.

Новите даноци ги погодија и услугите во рестораните и кафулињата, погребните услуги, такси превозот, траектите, дополнителните училишта и училиштата за странски јазици.

XS
SM
MD
LG