Достапни линкови

Домбровскис - Грција да не ги одолжува реформите


Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис ја предупреди Грција да не ги одложува реформите што ги вети, затоа што во спротивно нема да и бидат исплатени средствата.

„Во текот на изминатите неколку месеци, довербата е изгубена и треба да се врати. Ако грчката Влада ги исполнува своите обврски и спроведува реформи, тоа ќе биде многу важен чекор, рече Домбровскис во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тој истакна дека преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори за третата програма за помош треба да се спроведат темелно и додаде дека тие ќе траат неколку недели.

XS
SM
MD
LG