Достапни линкови

Реконструкција или за комплетно распуштање на Државната изборна комисија е на дневен ред на координацијата на работните групи на четирите најголеми партии со белгискиот експерт Питер Ван Хоуте. Со тоа почнува примената на политичкиот договор за излез од кризата

Работната група за Државната изборна комисија почнува со работа и засега сите опции се отворени бидејќи се работи за прва средба која всушност би значела запознавање со позициите на другите страни, велат од СДСМ.

Треба да видиме што се конкретни предлози ќе има, а треба да се земат предвид препораките на ОБСЕ/ОДИХР, препораките од последниот извештај на Европската комисија, од Прибе, и истите треба да бидат многу клучни во измените на изборниот закон.

Од партијата објаснуваат дека во групата ќе инсистираат на утврдување на начинот за прочистување на избирачкиот список споменувајќи две опции, преку пререгистрација на избирачи кои би се пријавувале во ДИК пред гласањето и преку теренска проверка која всушност би значела одење од врата до врата.

Од опозицијата бараат и да се подобри статусот на изборната комисија во однос на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за статистика, а двете институции практично да станат сервиси на комисијата. Засега најнејасен останува составот на Kомисијата и, како што велат од СДСМ, има повеќе опции кои биле можни, од тоа партиите да не ги предлагаат членовите, а за тоа кој би ги предлагал дополнително би разговарале и би утврдиле, до промена на бројот на членовите односно поголем дел да бидат од опозицијата, а не како досега по предлог на владејачките партии со што би се отворило прашањето за изборот на претседателот кој досега беше по предлог на опозицијата.

Ако не дојде до суштински промени во водењето на изборниот список како на пример активната регистрација на гласачи ќе треба да се направи детална административна проверка на целиот избирачки список, а потоа да се пристапи кон негова теренска проверка.

Од ДУИ пак кратко велат дека тие немаат никаков проблем со функционирањето на ДИК и дека ќе се согласеле на сите одлуки кои би биле донесени со консензус, сепак појаснувајќи дека опозицијата веќе побарала мнозинство во комисијата и дека тоа би можело да биде камен на сопнување.

Потпреседателот на ДИК Субхи Јакупи пак вели дека не може да се прогнозира што би било главното несогласување во процесот на разговори кои допрва почнуваат.

„Треба да видиме што се конкретни предлози ќе има, а треба да се земат предвид препораките на ОБСЕ/ОДИХР, препораките од последниот извештај на Европската комисија, од Прибе, и истите треба да бидат многу клучни во измените на изборниот закон“, вели Јакупи.

Според Дарко Алексов од организацијата МОСТ која со години ги набљудува изборите прво што треба да се направи е да се проверат адресите на кои имаа регистрирано огромен број гласачи како некои во општините Центар и Чаир кој веќе биле утврдени како проблематични и во анализа на експерт на ОБСЕ. И тој сугерира дека е неопходна повторна проверка на избирачкиот список.

„Ако не дојде до суштински промени во водењето на изборниот список како на пример активната регистрација на гласачи ќе треба да се направи детална административна проверка на целиот избирачки список, а потоа да се пристапи кон негова теренска проверка согласно препораките на експертот на ОБСЕ кои ДИК подоцна ги преточи во акционен план“, вели Алексов.

Инаку денешната е прва средба на работната група која треба да пронајде решенија во однос на сите забелешки наведени во договорот од 2 јуни и извештајот на Рајнхард Прибе. Дијалогот меѓу партиите го олеснува белгискиот експерт Питер Ван Хоуте..

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG