Достапни линкови

logo-print

Хан: Има прецизен патоказ што треба да се случува до изборите


Република Македонија и Европската унија, попладне на маргините на Советот на ЕУ во Брисел ќе го имаат 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација.

Македонија и политичкиот договор што стави крај на политичката криза во земјата, денеска исто така ќе биде точка на Советот на ЕУ, при што еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе поднесе извештај до Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и шефовите на дипломатиите на ЕУ.

Пред состанокот, евро-комесарот Хан изјави дека за Македонија сега има прецизен патоказ што треба да се случува во наредните неколку месеци до изборите.

„До тогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира договореното, а властите во Поранешната Југословенска Република треба да ја повратат довербата. Тоа е примарна цел. Доколку тоа биде остварено, а не се сомневам дека тоа е можно, следно е да се справиме со проблемот со името, каде што, исто така, гледам некакво движење“, изјави Хан.

XS
SM
MD
LG