Достапни линкови

Нуклеарниот договор со Иран во Конгресот на САД


Администрацијата на претседателот Барак Обама го поднесе на разгледување во Конгресот неодамна постигнатиот договор меѓу шесте светски сили и Иран за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за олабавување на санкциите. Имено, денеска почнува шеесет дневниот период во кој Конгресот треба да даде оценка за договорот. Државниот секретар Џон Кери изјави дека доколку Конгресот го отфрли договорот тогаш тоа би значело крај на преговорите со Иран.

XS
SM
MD
LG