Достапни линкови

Почнува спроведувањето на договореното во Пржино


На денешната координација на работните групи составени од претставници на четирите најголеми партии во Македонија што како задача ја има белгискиот експерт Питер Ван Хоуте, според најавите во Скопје, ќе се договараат деталите за реформите за излез од кризата постигнати со посредство на Европската унија. Меѓу другото, ќе треба да се дискутира и за реконструкција или за комплетно распуштање на Државната изборна комисија. Во овој документ се бара комисијата да биде составена од непартиски членови. За оваа цел ќе треба да се менува и Изборниот законик, што, пак, ќе биде можно дури по враќање на опозицијата во Собранието на 1 септември.

XS
SM
MD
LG