Достапни линкови

logo-print

Штрос-Кан: Договорот со Грција е „речиси смртоносен“


Поранешниот генерален директор на ММФ, Домик Штрос-Кан, во отворено писмо насловено „До моите германски пријатели“ изразува загриженост за иднината на Европа, по договорот склучен со Грција кој го оценува како „штетен и речиси смртоносен“.

Тој критикува позицијата на германските лидери за време на преговорите со Грција и притоа им оддава почит на францускиот претседател Франсоа Оланд, кој, според него, „издржал добро“ и на германската канцеларка Ангела Меркел, која како што вели, „храбро им се спротивставила на оние кои не сакале договор по која било цена“.

Строс-Кан,кој претходно се заложуваше за преструктуирање на грчкиот долг, сега смета дека договорот склучен со Грција е застрашувачки за сите оние кои се уште веруваат во иднината на Европа, затоа што ја искористиле можноста за идеолошка победа врз една екстремно лева Влада, по цена на „фрагментација на Унијата“.

XS
SM
MD
LG