Достапни линкови

МВР: Немаме официјална потврда дека е затворена српската граница за мигрантите


Мигранти од Сирија со велосипеди на автопатот Велес - Скопје - 15Јун2015

Мигранти од Сирија со велосипеди на автопатот Велес - Скопје - 15Јун2015

Од македонското министерство за внатрешни работи велат дека нема официјална потврда од српска страна за затварање на пограничниот премин Табановце за мигрантите. Од таму додаваат дека нема поголем застој на граничниот премин и дека до сега никој не е вратен.

Претходно информативниот портал НОВА објави дека од утрово, српските власти одлучиле да го затворат преминот Табановце поради преполниот прифатен центар за мигранти во Прешево.

Според податоците во српските медиуми, од отворање на бегалскиот кампо во Прешево на 8 јули досега поминале повеќе од 6 илјади луѓе, а секојдневно таму издаваат по најмалку илјада потврди за мигрантите.

Дел од српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.

XS
SM
MD
LG