Достапни линкови

Српската граница затворена за мигрантите


Српските власти одлучиле да ја затворат границата со Македонија, на Табановце за мигрантите и тоа е сторено утринава околу 7 часот, јавува информативниот портал НОВА, повикувајќи се на анонимни извори. Во текстот се вели дека објаснувањето на Србија за овој потег е оти во бегалскиот камп во Прешево повеќе нема место за нови имигранти. Според тоа, границата ќе остане затворена се додека кампот во Прешево не се подиспразни за да може да прими нови беглаци. Според податоците во српските медиуми, од отворање на бегалскиот кампо во Прешево на 8 јули досега поминале повеќе од 6 илјади луѓе, а секојдневно таму издаваат по најмалку илјада потврди за мигрантите. Дел од српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.

XS
SM
MD
LG