Достапни линкови

Пожари го зафатија Балканот, првата жртва во Грција


Неколку големи пожари денеска беснеат во јужна Грција,вохрватското приморје и во делови од Херцеговина, објавија медиумите од балканскиот регион. Повеќе пожари беснеат на грчките острови Закинтос и Скирос и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

Властите соопштија дека противпожарните служби засега ги држат пожарите под контрола и нема опасност за нивно ширење кон населените места.

Грчката полиција соопшти дека на подрачјето близу Атина што во петокот беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Хрватските медиуми јавија дека два големи пожари од синоќа беснеат во пределот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит.

Пожарите на ова подрачје досега уништиле околу 370 хектари површина со трева и ниско стеблеста и борова шума. На подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц се регистрирани неколку пожари, кои зафатиле површини под трева и ниско стеблеста шума.

XS
SM
MD
LG