Достапни линкови

Легендарниот фудбалер Пеле е задржан во болница


Бразилската фудбалска легенда Пеле е задржан во болница на рехабилитација по операцијата што пред неколку дена му беше направена на грбот. Ова е последниот во низа здравствен проблем со кој се соочува 74 годишниот најпознат фудбалер. Бразилските медиуми јавуваат дека Едсон Арантес до Наскименто, познат во јавноста како Пеле, добро закрепнува по операцијата на рбетниот столб.

Пеле беше прогласен за спортист на векот од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1999 година и е единстевн играч кој успеал со својот тим да победи три пати на Светско првенство.

XS
SM
MD
LG