Достапни линкови

logo-print

Антиисламски и антирасистички групи се судрија на протести во Австралија


Илустрација

Илустрација

Полицијата во Сиднеј, Австралија приведе најмалку пет демонстранти кои беа дел од антиисламски и антирасистички групи кои се судрија во центарот на градот. Над стотина антиисламистички демонстранти припадници на десничарските групи именувани како „Големиот патриотски фронт“ одржаа митинг во центарот на градот со веење на националното знаме и транспаренти на кои пишува „ Кажете не на Шеријатот“ и “Имиграцијата е слонот во собата“.

Тие биле пресретнати од околу 250 контрадемонстранти кои носеле транспаренти со натписи „ Не за расизмот, не за исламофобијата.“

Стотици полицајци и специјални сили биле распределени за да ги одвојат ривалските групи при судирите.

Полицијата подоцна употреби и спреј за да ги разбие демонстрантите кои во неколку наврати започнаа тепачки.

XS
SM
MD
LG