Достапни линкови

Грчките банки ќе отворат врати в понеделник


Грчката влада нареди в понеделник да се отворат вратите на банките. Ваквата наредба доаѓа откако банките три недели беа затворени за да се спречи излив на готовина надвор од земјата. Владата денеска донесе указ со кој дозволи отворање на банките и нови порелаксирани прописи за провлекување, односно постави нов кумулативен неделен лимит од 420 евра додека и натаму остана лимитот за повлекува на 60 евра на ден.

Во декретот се вметнати и контролни мерки за движењето на капиталот, со што се забранува и отварање на нови сметки на корисници и делумен блок на капитални трансфери. Оваа одлука доаѓа по само неколку часа од положувањето на заклетвата на новите владини фукционери од реконструираната влада.

XS
SM
MD
LG