Достапни линкови

Варуфакис ги осуди на пропаст новите реформи


Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис во интервју за ББС ги осуди на пропаст новите реформи кои треба да се спроведат во неговата земја во замена за нова спасувачка програма. Тој изјави дека Грција е предмет на програма која ќе “остане во историјата како најголема катастрофа на макроекономскиот менаџмент” и таа ќе пропадне, независно од тоа кој се обврзувана нејзиното извршување.

Во петокот германскиот парламент го одобри почетокот на преговорите меѓу Атина и кредиторите за трета спасувачка програма на вредност 86 милијарди евра. Ова се случи откако Грција исполни еден од главните услови – да прифати голем број мерки за кратења, вклучувајќи зголемување на даноци, пензиски реформи и други.

Варуфакис поднесе оставка претходно овој месец. Неговото повлекување беше прифатено од многумина како гест на помирување со финансиските министри од еврозоната, со кои тој постојано имаше судири. По гласањето за новите реформи во земјата Ципрас направи некои промени во кабинетот и ги разреши министрите кои застанаа против мерките за штедење..

XS
SM
MD
LG