Достапни линкови

Реконструираната грчка влада засука ракави


Новите членови на грчката Влада денеска положија заклетва пред претседателот Прокопис Павлопуло, откако премиерот Алексис Ципрас смени дел од министрите Смени имаше на повеќе позиции, меѓу кои и повеќе втори министри, заменици, министер за производствено преструктурирање, животна средина и енергетика и министер за труд. „Сегашната реконструкција на Владата е со цел адаптирање на новата реалност, која бара од нас напорно да работиме за да им олесниме на граѓаните“ изјави Панус Скурлетис од владејачката „Сириза“. Ципрас ја напушти претседателската резиденција без да даде изјава.

XS
SM
MD
LG