Достапни линкови

Путин нареди формирање на нова резервна воена единица


Рускиот претседател Владимир Путин нареди создавање на нова резервнa военa единица како дел од чекорите за подобрување на руската воена подготовност и обука. Во декретот на Путин што беше синоќа доцна објавен е наведено дека владата треба да изнајде финасии за резеврната воена единициа од веќе доделениот буџет за министертвото за одбрана.

Овој потег доаѓа откако руските односи со Западот паднаа на најниско ниво кое последно беше забележно по крајот на Студената војна, сега тоа се случи поради кризата со Украина.

Новите резревни сили ќе се разликуваат од воените резервисти, бидејќи ќе бидат обучувани редовно и ќе добиваат месечна плата.

XS
SM
MD
LG