Достапни линкови

Обама: Без договор со Иран ризикуваме уште една војна


Американскиот претседател Барак Обама ги отфрли критиките за нуклеарниот договор постигнат неделава со Иран и останатите светски сили. Во неговото неделно обраќање, Обама посочи дека без договор, постои ризик за уште една војна во веќе најнестабилниот регион во светот.

Според договорот постигнат на 14 јули во Виена, санкците кон Иран ќе бидат постепено отстранети во замена за прифаќањето на Техеран на долгорочните ограничувања на нуклеарната програма.

Републиканците како ривали на Обама, се надеваат дека на гласањето во Конгресот, каде ќе имаат право од 60-дневно разгледување на предлогот, договорот да „потоне“.

Обама во обраќањето истакна дека со договорот всушност се турка Иран подалеку од идејата за бомба. Тој додаде дека со договорот ќе имаат 24/7 мониторинг врз клучните нуклеарни објекти во Иран. Доколку Техеран не го испочитува договореното, санкциите повторно ќе бидат вратени на маса, рече Обама.

XS
SM
MD
LG