Достапни линкови

logo-print

Четири луѓе загинаа во Украина во последните 24 часа


Жена готви надвор на оган, откако во украинскиот град Авдивка беше исклучена струјата по жестоките судири, август 2014 година

Жена готви надвор на оган, откако во украинскиот град Авдивка беше исклучена струјата по жестоките судири, август 2014 година

Најмалку четири луѓе загинаа во последните 24 часа на истокот на Украина, соопштија денеска украинските власти. Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека тројца од загинатите се жртви на воздушни напади во градот Авдивка. Тоа е град кој е под контрола на украинските власти но се наоѓа во близина на изрушениот аеродром во Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Од април минатата година во немирите во Украина загинаа над 6 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG