Достапни линкови

Над 400 луѓе повредени во железничка несреќа во Јоханесбург


Илустрација

Илустрација

Повеќе од 400 луѓе се повредени во вчерашниот судир на две метроа во Јоханесбург, соопшто портпаролката на јужноафриканската Служба за вонредни ситуации Нана Радебе. Таа посочи дека се хоспитализирани 426 лица, чии повреди се рангирани од лесни до сериозни. Засега нема информации за загинати луѓе. Спасувачките екипи се уште трагаат по патници кои евентуално се заробени во вагоните.Несреќата се случила кога метрото вртело и најверојатно излетало од шини и удрило во возот кој не се движел.

XS
SM
MD
LG