Достапни линкови

Три тони експлозив уби 100-тина луѓе во Ирак


Над 100 луѓе, меѓу кои деца, загинаа вчера при експлозија на автомобил – бомба која била поставена во преполн пазар во Ирак. Новинската агенција Ројтерс јавува дека од силната експлозција срамни со земја неколку згради во ирачкиот град Каан Бани Саад кој се наоѓа на 30 километри североисточно од Багдад. ИСИС ја презеде одговорноста за нападот и соопшти дека автомобилот бил управуван од бомбаш самоубиец и бил натоварен со три тони експлозив. Шефот на полицијата Ахмед Ал Тамини од местото на екплозијата изјави дека денеска луѓето користат кутиии за зеленчук за да ги соберат деловите од телото на нивните деца.

Спасувачките екипи се уште извлекуваат тела од под урантините и се очекува конечната бројка на загинати да се зголеми.

XS
SM
MD
LG