Достапни линкови

Ципрас ги отпушти неистомислениците


Премиерот Алексис Ципрас направи реконструкција на Владата. Тој ги отпушти од Владата припадниците на левото крило на својата партија, кои го отфрлија новиот пакет за штедење. Заменети се десет членови на политичкото раководство во Атина.

Меѓу нив се и министерот за енергија и екологија Панајотис Лафазанис, како еден од најжестоките критичари на предложените мерки, како и заменикот министер за социјални теми Димитрис Стратулис. Двајцата министри важеа за предводници на левото крило на партијата на Ципрас. Тие покрај спротивставувањето за мерките за штедење и приватизацијата, се залагаа за излез на Грција од еврзоната.

На местото на Лафазанис доаѓа Панос Скурлетис кој досега беше министер за труд а сега ќе треба во склоп на новото министертво да ја спроведе приватизацијата. На негово место притигнува Јоргос Катугалос.


Грчкиот парламент во четвртокот ги усвои првите реформи кои ги бараат кредиторите за да можат да и испратат нов пакет за помош на земјата. Реформите беа изгласани со голема помош на опозицијата. Мерките се однесуваат на зголемување на ДДВ, мерки за пензиите и усвојување на буџетски правила.

XS
SM
MD
LG