Достапни линкови

Иранскиот ајатолах против нуклеарниот договор


Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хаменеи вели дека опозицијата на Исламската република нема да го смени односот кон "арогантниот " САД , и покрај нуклеарен договор со светските сили. Тој во својот говор, кој синоќа беше емитуван во живо по повод фестивал Еид ал-Фитр, кој се одбележува на крајот на Рамазан, Хаменеи истакна дека Техеран и понатаму е остро спротивставен кон политиката што ја води САД за Блискиот Исток.

Според договорот во Виена, на 14 јули, санкциите против Иран постепено ќе се отстрануваат во замена за прифаќањето на Техеран на долгорочни ограничувања на иранската нуклеарна програма. Во разговорите беа вклучени Иран, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД.

Ајатолахот, кој го има последниот збор во сите државни работи во Иран, изјави дека сака политичари да го преиспитаат договор за да се зачуваат националните интереси.

XS
SM
MD
LG