Достапни линкови

Вучиќ: Додик да ја разгледа одлуката за референдум


Српскиот премиер Александар Вучиќ го замолил претседателот на Република Српска, Милорад Додик да ја преразгледа одлуката за распишување на референдум против законот за државен суд и обвинителство во БиХ.

На прес-конференцијата по средбата со Додик во Белград, Вучиќ изјави дека тоа е „суверена одлука на РС“, но оти го замолил претседателот на РС одлуката за референдумот внимателно да ја разгледа.

Додик изјави дека судот и обвинителството се под директно влијание на Партијата за демократска акција и нејзиниот лидер Бакир Изетбеговиќ. Претседателот на РС посочи дека се подготвени за дијалог за тоа прашање, но оти ако не се договорот тогаш одлуката за референдум останува во сила.

Вучиќ и Додик разговараа и за нападот врз српскиот премиер во Поточари на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Додик инцидентот го оцени како „обид да се дестабилизира регионот“ и ја истакна неопходноста од поддршка на мирот во БиХ и во целиот регион.

XS
SM
MD
LG