Достапни линкови

logo-print

Комеморации за жртвите од малезискиот авион


Jaya, Malaysia, 18 July 2014.

Jaya, Malaysia, 18 July 2014.

Комеморации во чест на жртвите од соборениот малезиски авион се одржаа денеска во Украина, Австралија и Холандија, за да се одбележи првата годишнина од авионската несреќа во која загинаа 298 луѓе.

Авионот на Малезија ерлајнс превезуваше 193 холандски граѓани, 43 Малезијци, 38 австралиски државјани, 12 Индонезијци и 10 Британци, кога беше соборен во близина на селото Храбов во источниот дел на Украина. На местото на несреќата се собраа околу 200 селани и проруски сепаратисти да им оддадат почит на загинатите. Проруските сепаратисти ги обвинуваат украинските власти дека тие го собориле авионот.

Во Австралија премиерот Тони Абот пред Парламентот откри спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите во несреќата. Во Холандија, роднини на жртвите одржаа комеморација на која беа прочитани имињата на сите 193 граѓани кои загинаа. Во Малезија комеморацијата беше одржана на 11 јули, бидејќи годишнината се совпаѓа со крајот на светиот месец Рамазан.

XS
SM
MD
LG