Достапни линкови

Кери - со Иран зборувавме и за приведените Американци


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека на состаноците со преговарачкиот тим на Иран за нуклеарниот договор, станало збор и за приведените американски државјани во Иран.

„Ние и понатаму се надеваме дека Иран ќе донесе исправна одлука и ќе ги врати овие граѓани во САД“, изјави денеска Кери. Тој рече дека ова прашање го покренал на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф пред објавувањето на нуклеарниот договор на 14-ти јули.

Во Иран има тројца приведени Американци, новинарот на Вашингтон пост, Џејсон Резаиан, свештеникот Саид Абедин и поранешниот американски маринец Амир Хекмати.

XS
SM
MD
LG