Достапни линкови

Германскиот парламент го одобри договорот со Грција


Германските пратеници денеска го одобрија договорот на кредиторите со Грција, со чие усвојување од страна на сите земји-членки на ЕУ ќе се отвори можност за отпочнување преговори за трет пакет помош на Атина. Германија е најголемиот кредитор од ЕУ на Грција. Европските лидери треба да и доделат на Грција пакет за спасување вреден 86 милијарди евра. Претходно германската канцеларка Ангела Меркел рече дека тие сакаат Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори стои енормната солидарност на Европа, посочи Меркел.

XS
SM
MD
LG