Достапни линкови

Изетбеговиќ: На 22 јули ќе го посетиме Белград


Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денеска потврди дека тројцата членови на Претседателството ќе ја посетат Србија на 22 јули и ќе ја прифатат подадената рака на помирување од српскиот премиер Александар Вучиќ.

„По инцидентот во Сребреница неопходно е да одам во Белград и да го охрабрам премиерот Вучиќ да продолжи по патот по кој тргнал. Тој даде надеж и направи низа добри извинувања за помирување на регионот, за односите меѓу Србите и Бошњаците, меѓу Србија и БиХ“, посочи Изетбеговиќ.

Вучиќ во вторникот упати покана до тројцата членови на претседателството на БиХ - Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Изетбеговиќ.

XS
SM
MD
LG