Достапни линкови

logo-print

Киргистан против САД за наградата на Аскаров


Властите во Киргистан се противат на одлуката на САД да му се додели престижна награда за човекови права на затворениот активист Азимјан Аскаров. Министерството за надворешни работи на Киригистан предаде протестна нота на американскиот заменик-амбасадор во земјата, Ричард Мајлс, еден ден откако Стејт департментот му додели награда за борец за човекови права на Аскаров. Во името на Аскаров наградата ја прими неговиот син. Владата на Киргистан соопшти дека одлуката е спротивна на пријателските односи меѓу Киргистан и САД. Аскаров беше осуден на доживотен затвор за организирање на смртоносни судири меѓу локалните Узбеци и Киргизи и вмешаност во убиство на полицаец за време на насилствата во 2010 година. Тој вели дека неговиот случај е политички мотивиран.

XS
SM
MD
LG