Достапни линкови

Силвија Митевска меѓу екстремните спортови и прозниот артизам


„Додека Данте спие“ е насловена дебитанската книга на Силвија Митевска што како 111 издание во популарната едиција „Проаза, на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, се појави неодамна. Станува збор за збирка на раскази напишани за време на престојот на авторката која патем професионално се бави со акробатско параглајдерство во Италија и во Израел.

„Силвија Митевска е млада прозаистка која ѝ припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина, умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив.

„Додека Данте спие“ за мене претставува, пред сè, огромна радост бидејќи конечно можев сето она што го чувствував и што го носев во себе со години, а никако не наоѓав време да го напишам, конечно да го ставам на хартија.

Ова во својата рецензија за дебитанската книга „Додека Данте спие“ на Силвија Митевска ќе го забележи писателката Лидија Димковска.

Венко Андоновски,пак, во своето видување на делото, потенцира дека ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Тој дополнува дека кај Митевска „видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот“ и дека „нејзината книга е вистинска радост за македонската современа прозна продукција“.

Од своја страна, авторката Силвија Митевска знае да каже дека нејзиното првенче почнала го пишува за време на својот професионален престој во Италија и во Израел и тоа во миговите кога нејзиниот син Данте спиел.

Мислам дека творењето и пишувањето е токму тоа – писателот да може да ги искаже сопствените задоволства, незадоволства, своите забелешки и коментари преку некои приказни во кои читателот ќе може да се пронајде и ќе може да ги доживее на свој посебен, индивидуален начин.

„Додека Данте спие“ за мене претставува, пред сè​, огромна радост бидејќи конечно можев сето она што го чувствував и што го носев во себе со години, а никако не наоѓав време да го напишам, конечно да го ставам на хартија. Во неа е таа огромна радост и потреба за книга, меѓутоа едновремено збирката ме потсетува и на еден начин на живот во триаголникот Италија-Македонија – Израел бидејќи тогаш многу патував и наедно се грижев за моето дете.“

Митевска дополнува дека кога веќе еднаш се решила да се втурне во авантурата наречена деби книга тогаш самото пишување одело доста лесно. Мазно. Вели дека секој расказ од книгата си носи своја скриена тајна порака и дека остава на читателите секој засебно да ги откријат тие нејзини размисли.

„Мислам дека творењето и пишувањето е токму тоа – писателот да може да ги искаже сопствените задоволства, незадоволства, своите забелешки и коментари преку некои приказни во кои читателот ќе може да се пронајде и ќе може да ги доживее на свој посебен, индивидуален начин.“

Говорејќи за поврзаноста, за спојот на спортот, својата професионална определба – акробатското параглајдерство и воопшто екстремните спортови, и литературата, Силвија истакнува дека конечно го нашла токму пишувајќи ја „Додека Данте спие“.

„Оваа книга е совршен спој за мене. Со неа конечно си ја најдов онаа рамнотежа помеѓу моите две страни во карактерот – едната е уметничката која секогаш сум си ја носела во себе, а другата е спортската бидејќи од мала почнав да се бавам со спорт и тоа сум по професија. Сега не би можела да замислам да живеам само во светот на спортот или пак само да пишувам. Тогаш не би го имала оној внатрешен баланс, ни мир, така да кога имам слободно време и зависно од тоа како се чувствувам во тој дел од денот тогаш сум активна во паралајдерството или другите спортови што ги практикувам, меѓутоа многу често ги има и оние моменти кога морам, кога чувствувам потреба, да седнам пред компјутер и да пишувам повторно.“

Во контекст на ова, Митевска појаснува дека веќе ја започнала и втората книга на раскази. Дека секојдневно пишува и убедена е дека на своите читатели догодина ќе им дари и ново четиво.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG