Достапни линкови

logo-print

Меркел - Ние сме Грција да остане во еврозоната


Германската канцеларка Ангела Меркел на денешната вонредна седница на Бундестагот, на која ќе се гласа за продолжување на помошта за Грција, предупреди дека алтернатива на тоа би бил хаосот во Грција и во Европа.

„Ние сме Грција да остане во еврозоната. Наспроти енормните грчки напори стои енормната солидарност на Европа“, посочи Меркел.

Таа посочи дека еврото е повеќе од валута и оти на Европа и е потребна способност за компромис.

Германските пратеници денеска ќе гласаат за прифаќање на пакетот помош за Грција вреден 86 милијарди евра. Се очекува помошта за Грција да биде изгласана и покрај тоа што одреден број пратеници од редовите на конзервативците одбиле да ја поддржат исплатата на дополнителна помош за Атина.

XS
SM
MD
LG