Достапни линкови

logo-print

Гани - преговорите со талибанците се единственото решение


Претседателот на Авганистан Ашраф Гани изјави дека преговорите со талибанците се единствениот пат кој ќе донесе мир во земјата. Тој на прославата на Рамазан рече дека преговорите се решение, тоа народот го бара за да се стави крај на крвопролевањето.Тој исто така му заблагодари на духовниот лидер на талибанците кој го призна преговарачкиот процес. Претходно Мула Мохамед Омар изјави дека процесот е легитимен и целта на процесот е „крај на окупацијата“ од страна на странски сили.Авганистанските власти и талибанците на 7 јули одржаа разговори во соседен Пакистан.

XS
SM
MD
LG