Достапни линкови

Германскиот парламент за новата помош за Грција


Германските пратеници денеска ќе гласаат дали да дозволат преговори за новата финансиска помош за Грција од 86 милијарди евра. Германија е и најголемиот кредитор на Грција и гласањето во Бундестагот се очекува да биде потешко отколку во парламентите на Франција и на Финска кои веќе го поддржаа договорот за нови преговори со Грција. Синоќа грчката влада реши банките да останат затворени до понеделник. Банките не работат од 29 јуни по масовното повлекување на парите од страна на клиентите. Заменик министерот за финансии Димитрис Мардас изјави дека од понеделник клиентите ќе можат да вршат трансфер на пари, но оти готови пари ќе можат да земаат само преку банкомати и тоа по 60 евра дневно, како и досега.

XS
SM
MD
LG