Достапни линкови

Меѓународен суд за падот на Малезискиот авион над Украина


Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд ги поддржа барањата за трибунал на Обединетите нации за судење на одговорните кои го соборија авионот на Малезија ерлајнс над источна Украина пред една година. „Правдата мора да биде спроведена за 298 луѓе кои ги загубија нивните животи“, изјави Хамонд. Холандија, Малезија, Австралија, Белгија и Украина предложија нацрт резолуција во Советот за безбедност со која се бара формирање меѓународен суд. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ваквиот чекор е контрапродуктивен, наведувајќи дека најнапред треба целосно да заврши истрагата во врска со инцидентот. Се верува дека авионот бил соборен со ракета истрелана од проруските бунтовници во источна Украина. Тие отфрлаат секаква одговорност.

XS
SM
MD
LG