Достапни линкови

logo-print

Грчките банки затворени до понеделник


Грчката влада реши банките да останат затворени до понеделник. Банките не работат од 29 јуни по масовното повлекување на парите од страна на клиентите поради можноста за драстично влошување на финансиската ситуација во земјата. Заменик министерот за финансии Димитрис Мардас изјави дека од понеделник клиентите ќе можат да вршат трансфер на пари, но оти готови пари ќе можат да земаат само преку банкомати и тоа по 60 евра дневно, како и досега. Мардас додаде дека се разгледува можноста на банките да им биде дозволено допуштената дневна сума за еден ден да се префрла на друг ден. Така ако клиентот еден ден не земал 60 евра, наредниот ден ќе може да повлече 120 евра. Ова ограничување не важи за Грците и странците кои имаат странски кредитни картички.

XS
SM
MD
LG