Достапни линкови

Рама во ненадејна посета на Приштина


лбанскиот премиер Еди Рама денеска престојуваше во ненајавена посета на Приштина. По многуте шпекулации кои ги пренесоа приштинските медиуми за целта на посетата, меѓу кои и опасноста на терористичките напади, доцна попладнево следуваше соопштение од кабинетот на косовскиот премиер Иса Мустафа.

Во него се наведува дека целта на посетата била координација на проектите на двете држави пред Самитот во Виена. Освен тоа во соопштението се наведува дека било разговарано и за случувањата во регионот, не прецизирајќи за што конкретно станало збор.

XS
SM
MD
LG