Достапни линкови

Нетенјаху и Хамонд јавно се расправаа за Иран


Британскиот секретар за надворешна политика Филип Хамонд и израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху јавно се расправаа за нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Зборувајќи на прес конференција во Ерусалим, Нетенјаху рече дека неуспехот на нуклеарниот договор со Иран да се осврне кон повиците на Техеран за уништување на Израел е „збунувачки“.

Хамонд одговори дека договорот ги ограничувануклеарните активности на Иран.

Нетанјаху претходно договорот го нарече „лоша грешка од историски размери“. Во пресрет на посетата на Израел, Хамонд изјави дека Израел не сака каков било договор со Иран. „Израел сака постојана состојба на неизлезност и не верувам дека тоа е во интерес на регионот“, рече Хамонд.

XS
SM
MD
LG