Достапни линкови

ИД истрелале ракета кон египетски брод?


Огранокот на групата Исламска држава во Египет тврди дека денеска истрелале ракета на египетски поморски брод во Средоземното Море. Фотографии поставени на Твитер профил поврзан со групата покажуваат како ракета е упатена кон бродот, а потоа и како бродот гори. Но автентичноста на извештајот не може да биде потврдена. Египетската војска соопшти дека бродот се запалил по размена на истрели со „терористи“ кои стрелале од брегот. Во соопштението се вели дека нема жртви.

XS
SM
MD
LG