Достапни линкови

Убиени четворица терористи во Киргистан


Киргистанските безбедносни сили убиле четворица осомничени терористи и заробиле пет други во специјална операција во Бишкек. Комитетот за национална безбедност соопшти дека операцијата била спроведена денеска во главниот град. Според властите убиените и приведените се членови на неименувана меѓународна терористичка група. Во операцијата се повредени четворица припадници на безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG