Достапни линкови

Димовски: Жртви се кодошените, а не лустрираните


Цениме дека процесот на лустрација е спроведуван во Македонија значајно долго време. Во овој момент оценивме дека има потреба за намалување на конфликтноста на политичко ниво во македонското општество во насока на пронаоѓање на заедничките приоритети и побрзо чекорење кон евроатланските интеграции и трето, во извештаите на ЕУ, специјално во извештајот на Прибе имаше насока да се предвиди завршување на процесот на лустрација.

Ова, како што наведе денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски се причините за предлагање на законот со кој треба да заврши процесот на лустрација во Македонија. Димовски, е еден од четворицата предлагачи на овој Закон, за кој денеска собраниската Комисијата за политички систем констатираше дека има потреба од негово носење. Со него се предвидува процесот на лустрација да заврши на 1 септември, но не и за постапките кои се веќе започнати.

Комисијата за верификација на фактите од почетокот на функционирањето досега спровела постапки за повеќе од 30.000 лица.

XS
SM
MD
LG