Достапни линкови

Измените на украинскиот устав доставени до Уставниот суд


Украинските пратеници гласаа предлогот на претседателот Петро Порошенко за уставни измени да се достави до Уставниот суд. Нацрт законот предвидува регулирање на локалната самоуправа во областите кои се под контрола на сепаратистите во регионите Доњецк и Луганск. Порошенко го поднесе предлог законот под притисок на западните лидери да им даде дополнителни овластувања на некои региони, како дел од договорот за прекин на огнот потпишан во Минск во февруари. Но бунтовниците инсистираат дека во Уставот треба да биде споменат испецијалниот статус на области кои тие ги контролираат.

XS
SM
MD
LG