Достапни линкови

Новинари и активисти бараат оставка од Пешевски


Протест против нападот врз Саше Ивановски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Протест против нападот врз Саше Ивановски

Нападот врз сопственикот на порталот Мактел се случи вчера пред ресторан во Скопје, откако Ивановски се обидел на вицепремиерот Владимир Пешевски да му постави прашање.

Околу педесет новинари и медиумски работници денеска протестираа пред Владата во знак на револт поради физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот на порталот „Мактел“ Саше Ивановски. Нападот се случи вчера пред ресторан во Скопјe, откако Ивановски се обидел на Пешевски да му постави прашање. Новинарите од Новинарскиот пленум, кои беа организатори на настанот, побараа оставка од вицепремиерот Пешевски истакнувајќи дека Ивановски има право на активизам и дека не заслужува физички напад.

Поскандалозно од однесувањето на Пешевски е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое го охрабрува таквото насилство, бидејќи во соопштението меѓу редови се кажува дека тој тоа го заслужил. Тоа значи дека таквото соопштение ги охрабрува сите да се справуваат со неистомислениците и со незгодните прашања на начин на кој Пешевски се справи со Ивановски.
Ида Протуѓер, новинарка.

„Поскандалозно од однесувањето на Пешевски е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое го охрабрува таквото насилство, бидејќи во соопштението меѓу редови се кажува дека тој тоа го заслужил. Тоа значи дека таквото соопштение ги охрабрува сите да се справуваат со неистомислениците и со незгодните прашања на начин на кој Пешевски се справи со Ивановски“, вели новинарката Ида Протуѓер.

Самиот Ивановски, кој беше на денешниот протест, рече дека ќе барал прием кај амбасадорите на САД и на Европската унија.

Не се чувствувам безбеден, особено по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од вчера во кое велат дека секој оној којшто си ја барал бељата ќе си добиел казна. Со тоа како да сакаа да кажат дека и во иднина ќе се случуваат вакви настани.
Саше Ивановски, сопственик на порталот Мактел.

„Сакам прием од нив двајцата бидејќи чувствувам дека сум загрозен во својата работа, не се чувствувам безбеден, особено по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од вчера во кое велат дека секој оној којшто си ја барал бељата ќе си добиел казна. Со тоа како да сакаа да кажат дека и во иднина ќе се случуваат вакви настани“, рече Ивановски.

За вчерашниот настан реагираше и Здружението на новинарите на Македонија. Тие силно го осудија нападот со кој, како што наведуваат, е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар и го повикаа Пешевски да си поднесе оставка, а државниот обвинител да поведе постапка. И Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осуди физичкиот напад и исто така побара оставка, како и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

На ова реагира владеачката ВМРО-ДПМНЕ со ново соопштение во кое се вели дека ЗНМ и нејзиниот претседател Насер Селмани наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат уривање на слободата на говор и приватноста. Од партијата велат дека СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не бил свесен во какви ситуации го буткаат и ставаат и дека тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување и дека веројатно и го плаќаат.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG