Достапни линкови

Ѕидот на унгарско-српската граница ќе чини 20 милиони евра


Унгарија за изградба на ѕидот долж границата со Србија ќе потроши околу 20 милиони евра, изјави денеска пратеникот и потпретседателот на Комитетот за надворешни работи во унгарскиот Парламент, Мартон Ѓенѓеши. Во оваа сума спаѓаат само материјалните трошоци за изградба на ѕидот. Владата најави дека во изградбата ќе учествуваат и затвореници и невработени лица, но конечните трошоци ќе бидат многу поголеми, смета Ѓенѓеши.

XS
SM
MD
LG