Достапни линкови

Пет цивили убиени на пакистанско-индиската граница


Пет цивили биле убиени во размената на истрели на индиско-пакистанската граница во проблематичниот регион Кашмир. Пакистан ја обвини Индија за вчерашните истрели во регионот Сиалкот при што беа убиени четворица цивили, а пет други се повредени. Индија, пак вели дека една жена загина, а три лица се повредени кога пакистански војници отвориле оган во регионот Паргвал. Пакистанската армија исто така, рече дека собориле индиско беспилотно летало во Кашмир. Индија негира дека нејзино беспилотно летало е соборено во Пакистан.

XS
SM
MD
LG