Достапни линкови

Армијата ќе помага со мигрантите


Армијата ќе биде ангажирана да и помогне на полицијата во справувањето со напливот од мигранти. Таа би била ангажирана на јужната и северната граница, како и по должината на Коридорот 10 каде најчесто транзитираат мигрантите, најави претседателот на државата Ѓорге Иванов, при посета на граничниот премин Богородица.

Тој вели дека државата сочувствува со судбината на овие луѓе кои состојбите во нивните земји ги натерале да ги напуштат домовите. Претседателот го посети и пунктот за мигранти во Гевгелија. Откако земјата почна да издава потврди за намера за барање на азил, издадени се над 14 илјади потврди, но само 32 луѓе поднеле барање за признавање на правото на азил.

XS
SM
MD
LG