Достапни линкови

Верушевски за пиштолот доби три години затвор


Три години затворска казна доби поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски за пиштолот кој беше пронајден во неговиот дом при претресот во јануари годинава. Верушевски беше приведен во акцијата „Пуч“. Тој е прво осомничен за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Во „Пуч“ е осомничен и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Пиштолот на Верушевски бил службен, но тој не го раздолжил кога му завршила функцијата. Верушевски останува во притвор.

XS
SM
MD
LG