Достапни линкови

Амнести до ЕУ - да запре тортурата во Узбекистан


o

o

Амнести интернешнал започна петиција со која ја повикуваат шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини да ги преземе „сите неопходни чекори за да се стави крај на тортурата и насилството во Узбекистан“. Во текстот на петицијата се повикува Могерини до октомври оваа година да побара промени во Узбекистан. Организацијата вели дека безбедносните сили и затворските чувари во Узбекистан употребуваат тортура за да извлечат признанија и други информации од притворените, како и да ги заплашат и да ги казнат затворениците и нивните семејства. Амнести вели дека меѓу они кои се изложени на посебен ризик се луѓе за кои власта смета дека се закана за националната безбедност, вклучувајќи ги и активистите за човекови права. Организацијата со седиште во Лондон вели дека ЕУ „целосно молчи“ за таквите злоупотреби и претпочита тоа да го решава со Узбекистан зад затворени врати.

XS
SM
MD
LG