Достапни линкови

Напредок во разговорите за долгот на Украина


Украина и нејзините кредитори велат дека постигнале напредок во разговорите за преструктуирање на долгот на земјата. Тие велат дека е постигнат напредок за многу суштински прашања. Украинското Министерството за финансии и доверителите денес соопштија дека следната недела се закажани повеќе средби меѓу двете страни за да се финализираат условите како земјата да гo врати долгот што е можно поскоро. Соопштението беше објавено еден ден откако министерот за финансии на Украина, Наталија Јарешко, разговараше со доверителите во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG