Достапни линкови

logo-print

Иванов: Вратата на кабинетот е отворена за СДСМ и ДУИ


Претседателот Ѓорге Иванов упати апел до лидерите на СДСМ и ДУИ за соработка и комуникација во моменти кога државата е соочена со предизвици. Тој одговараше на новинарско прашање дали неговата вчерашна изјава истовремено подразбира и подадена рака кон СДСМ и ДУИ.

Претседателот истакна дека вратите на претседателскиот кабинет се секогаш отворени за соработка и оти како и досега тој лично е подготвен да учествува во справувањето со сите предизвици.

XS
SM
MD
LG